Зголемен бројот на читатели во библиотеката во Делчево

Во првите 30 дена од 2019 година ЈЛБ „Илинден“ е со нови 63 членови. Ова како истакна директорката на библиотеката Билјана Петровска е за 10 проценти повеќе во однос на јануари 2018 година.

-Поголем дел од членовите се од основните училишта, но има и постари читатели. Со почетокот на новата 2019 година јавната библиотека започна со набавка на нови иѕданија, веќе имаме неколку нови наслови, меѓу кои и она што моментално е најбарано секаде па и кај нас инзвонредната 5 книга од серијалот „Седумте сестри“ од Лусинда Рајли. Сакам да потенцирам дека новата читална која е во новиот мултикултурен центар веќе е во функција и е на располагање на нашите читатели секој работен ден од 7 и 30 до 15 и 30 часот, рече Петровска.

Во текот на 2019 година ЈЛБ „Илинден“ ќе продолжи со набавување на сета онаа литература која е нова, актуелна и која ќе го побуди интересот на читателите. Ќе продолжи со набавување на нови изданија на лектири како и стручна литература во интерес и на барање на читателите. Континуирано во библиотеката читателите ќе ги имаат на располагање сите најнови изданија на дневните весници.

Зголемен бројот на читатели во делчевската библиотека

Зголемен бројот на читатели во делчевската библиотека!

Posted by delcevo365.mk on Thursday, January 31, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*