Во Делчево одигран пријателски натпревар помеѓу РК „Брегалница“ и РК „Младинец“

Во рамки на подготовките за вториот дел од сезоната во ракоментите натпреварувања кои ги организира Ракометната федерација на Македонија, денес во Делчево се одигра пријателски натпревар помеѓу домашната екипа на ракометниот клуб „Брегалница“ и екипата на РК „Младинец“.

Натпреварот заврши со резултат 26:27 во полза на гостите. и покрај поразот тренерот на Делчевки е задоволен од играта на своите ракометарки.

-Се работи за подготвителен ракометен натпревар на кој реузлтатот ни беше во втор план. Најважно е што екишата одигра добар натпревар што за почетокот на подговотките ќе биде одличен стимул и понатаму уште позасилено да продолжиме со тренинзите, истакна Пешовски.

Пешовски додава дека во пролетниот дел од сезоната екипата претежно формата ќе ја темпира со одигрување пријателски натпревари и со други екипи со кои соработката е на завидно ниво.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*