Миле Ѓорѓијоски добитник на наградата за најдобар странски сатиричар

Македонскиот сатиричар кој живее и твори во Делчево, Миле Ѓорѓијоски доби уште едно престижно признание. Тој е добитник на наградата „Екселенција Сатира“, награда која здружението на српски писатели ја доделува во чест на познатиот писател Радоје Домановиќ за најдобар странски сатиричар.

Наградата како што информираше Ѓорѓијоски ќе му биде доделена на свечената церемонија на 22 февруари во Белград.

-Драго ми е што стручното жири одлучи јас да бидам добитник на оваа престижна награда. Признанието за мене ќе биде мотив уште повеќе да творам во годината која претстои. Ова е најважната награда за литературните сатири наградени во Србија. Освен мене оваа награда ја добија и Сергеј Сидоров од Русија од Русија, Христо Петрески од Македонија, Анџеj Мајевски од Полска и Драган Копривица од Црна Гора, информира Ѓорѓијоски.

Додава дека за оваа награда одлучуваше специјално жири составено од еминетни имиња во српската литература како Радомир Андриќ, Милован Витезовиќ, Витомир Теофиловиќ, Раодослав Тилгер, Петар Жебељан, Слаѓана Митровиќ и Александар Чотриќ.

Освен оваа награда сатиричарот Миле Ѓорѓијоски досега во два наврати ја има добиено првата награда на Шабачката чивијада, добитник е на признанието ,,Златен круг” која се доделува за придонес во развојот на светската сатира, во Либан ја има освоено наградата ,,Наџи Наман”, додека има добиено и Златна, сребрена и бронзена плакета за еротски афоризми. За истакнување е и втората награда на Јежев хумор за хумореска на годината.Член е на Друштвото на писатели на Србија, БАК Београд, куќата на културата Наџи Намамува Либан, ЗНМ и др.

Ѓорѓијоски моментално е актуелен со книгата ,,Трагачи на Парадокси” која на 9 февруари ќе биде промовирана во големата сала на домот на градежни работници во Скопје.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*