Денеска Делчево ја чествува годишнината од раѓањето на патронот на градот, великанот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев. Во организација на Општина Делчево, по повод 147 години од неговото раѓање на Делчев, денеска пред споменикот на револуционерот во центарот на градот се поклонија и цвеќе положија претставници на Општината, политички партии, институции и здруженија на граѓаните. Во рамките на одбележувањето членовите на КУД „Гоце Делчев“ прочитаа реферат за животот и делото на Делчев.
Делчево со гордост го носи името на македонскиот револуционер кој уште пред многу години бил пред времето кажувајки ја легендарната мисла дека светот е место за културен натпревар меѓу народите, истакна делчевскиот градоначалник Горан Трајковски.
-Гоце Делчев зазема врвно место во историјата на македонското национално ослободително и револуционерно движење. Тој станал вистински изразител на стремежите на поробениот македонски народ за слобода, кој го гледал светот како поле за културен натпревар на народите. Како таков, тој останал и во сеќевањата на македонскиот народ. Наша обврска е да ги промовираме неговите заложби и да го изградиме нашиот град како достоен носител на неговото име, истакна Трајковски.
Името на големиот револуционер градот го носи од 1950 година кога Президиумот на Народното собрание на НР Македонија донесува одлука Царево Село да биде преименувано во Делчево.
Одбележување на 147 годишнината од раѓањето на великанот на Македонската револуционерна борба – Гоце Делчев!
Posted by delcevo365.mk on Monday, February 4, 2019
Leave a Reply