Дванаесет екипи се пријавија за учество на Работничките спортски игри во Берово

Вкупно дванаесет екипи ќе бидат дел од овогодишното издание на Работничките спортски игри и турнирот во мал фудбал кој на 11 февруари ќе започнат во Берово. За таа цел во присуство на претставници од сите екипи учеснички беа извлечени групите за турнирот. Како што информираат од општина Берово која е организатор на настанот, турнирот ќе се игра според Бергеровиот систем – секој со секого.
 
-Свеченото отворање на Работничките спортски игри е во понеделник 11 феврари во 16:45, по што ќе започнат натпреварите во рамки на турнирот во мал фудбал за кој се пријавија вкупно 12 екипи. Екипите се распоредени во две групи, а натпреварите ќе се играат во салата Македонски бранители секој понеделник и четврток од 17 часот, велат од општината.
 
Дополнија дека целта на организирањето на оваа спортска манифестација е преку спортски активности да се подобри соработката помеѓу институциите во Општина Берово.
 

Од општината ги покануваат сите љубители на малиот фудбал со своето присуство да ја збогатат оваа реномирана спортска манифестација која традиционално на почетокот на месец февруари се организира во Берово. За најдобрите екипи учеснички, општина Берово како организатор на настанот обезбеди пригодни награди.

 

Во првото коло се среќаваат следниве екипи:
 
17.00 час. МВР-Берово – ПШС „Малешево“ Берово
 
17 .30 час. Приватни фирми Берово – Гранична полиција
 
18.00 час . Општина Берово и основен суд- Такси возачи
 
18.30 час ПШС,,Равна река,, Пехчево – Жито Малеш Берово
 
19.00 час АВРМ(Активни баратели на работа) – Фагус
 
19.30 час ЈПКР Услуга Берово – Малешевски еснафи Берово

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*