Делчевската библиотека донираше книги на подрачното училиште во село Ѕвегор

Претставници на Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево денес го посетија подрачното училиште во село Ѕвегор при што на учениците кои се дел од ова училиште им подарија книги со содржина прилагодена за нивната возраст. Како што истакна директорката на библиотеката Билјана Петровска, целта на активноста е да се поттикне љубовта кон читањето.
 
-Во училиштето во село Ѕвегор отсекогаш учеле деца кои подоцна како возрасни направиле многу во различни области од општественото живеење. Наставниците од ова училиште не информираа дека и денес тука учат ученици кои што сакаат да учат сакаат да читаат и се вистински љубители на пишаниот збор. Ова беше доволен мотив Јавната локална библиотека „Илинден“ на училишната библиотека да подари книги за да можат овие деца да прочитаат лектира а сепак е актуелно и интересно. Исто така ги поканивме децата заедно со нивните наставници да ја посетат библиотеката во Делчево да видат со какви книги располагаме, да бидам наши гости и да станат наши членови, истакна Петровска.
 
Како што истакна помошник директорот на училиштето Маријана Стоименовска, оваа активност ќе продолжи со посета
 
-Чест и задоволство е да се посети ова подрачно училиште, за кое сами ќе видите во прилогот дека е чисто уредено со прекрасно опремени училници во кое се намалува за жал бројот на ученици, но најмногу од се не радува интересот кон читањето и сакањето на книгите, омилените лектири, задоволството од постигнатиот успех и напредокот кога ќе дојдат во нашето централно училиште. Токму заради таква мотивација решивме да ги израдуваме со подароци од прекрасни наслови прилагодени на возраста на учениците, сето тоа благодарение на прекрасната соработка со ЈЛБ „Илинден“ која секогаш ни излегува во пресрет за разни културни манифестации, конкурси, награди и остварувања на нашите ученици со кои ги поттикнува дарувајки им книги. Зборувам за бројот на читатели кој се повеќе се зголемува од нашите училишта. Заради тоа сакам да истакнам дека нема да биде посетено само подрачното училиште во село Ѕвегор туку Наредна посета ќе имаме посета и на подрачното училиште во село Габрово за да покажеме дека не се заборавени дека тие заедно учат творат и напредуваат во образовниот процес, рече Стоименовска.
 

Во минатата година слична донација ЈЛБ „Илинден“ реализираше и во подрачното училиште при деветолетката Св,Климент Охридски во село Тработивиште.

Донација од книги за учениците од подрачното училиште во село Ѕвегор

Донација од книги за учениците од подрачното училиште во село Ѕвегор!

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, February 5, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*