Кадетките на Клубски Патриот подобри од врсничките на ЖКК Спортисимо од Кавадарци

Женскиот кошаркарски клуб “Патриот 2016″ со убедливи 73:47 славеше во натпреварот против екипата на кошаркарскиот клуб ,,Спортисимо” од Кавадарци во рамки на М16, кадетското натпреварување кое го организира Македонската кошаркарска федерација. Љупчо Петровски, тренер на екипата од Делчево изрази задоволство од настапот на домашниот тим кој имал водство во текот на целиот натпревар.

-Вечерва ја совладавме солидната екипа на Спортисимо од Кавадарци. Во натпревар во кој ја имавме контролата и бевме подобри во текот на целата игра сум задоволен од настапот на сите поединки во екипата кои го имаа можеби најдобриот свој натпревар во оваа сезона. Со оваа победа се искачуваме кон средината на табелата што беше и наша примарна цел на почетокот на првенството, истакна Петровски.

Најдобри кај домашните кошаркарки на вечерашниот натпревар беа Ана Ангеловска која постигна високи 36 поени додека солиден учинок имаше и нејзината сестра Елена Ангеловска која ја достигна бројката од вкупно 24 поени.

Следниот предизвик за кошаркарките од Делчево е настапот во првата женска кошаркарска лига на Македонија кога на 9 февруари со почеток во 12 часот во соседското дерби делчевки силите ќе ги одмерат со женскиот тим на Баскет Кам од Македонска Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*