Регионално: Виничанката Адријана Поп Арсова избрана за најдобар спортист за 2018 година

Виница испиша нова страница во спортската историја на градот. За прв пат се одржа манифестацијата за избор на најдобар спортист за 2018 година. Настанот се организираше на иницијатива на градоначалникот на општина Виница, Ивица Димитров, а во соработка со дел од спортската фела во Виница, во реализација на Комисијата за настани и манифестации во општината.

-Првичната цел за организирање на оваа манифестација ни беше идејата првин да се преброиме колку сме, да се собереме вака на куп како вечерва, да споделиме различни мислења и видувања, да ги зајакнеме спортските нишки меѓу вас клубовите, но и да ја покажеме нашата отворена подршка за се она што заслужува да биде финансирано и спонзорирано од наша страна. Манифестацијата “Спортски Асови 2018 “ ја стартуваме вечерва за да Ви покажеме и докажеме дека општината и јас како градоначалник стоиме и ќе стоиме зад сите ваши успеси , да им покажеме на младите дека Ние сме тие кои мислиме на нив и кои сакаме да помогнеме во креирањето на нивната спортска кариера и иднина, дека не се оставени сами на себе, рече градоначалникот Димитров..

На јавниот повик кој беше објавен од 8-20 јануари стасаа поголем број пријави, а Комисијата синоќа ги избра најдобрите во 6 категории.

За најдобар спортист во 2018 жири комисијата ја прогласи маратонката Адријана Поп Арсова која во неколку наврати го руши националниот рекорд во трчање.

Според гласањето на Комисијата , во категоријата “Најдобар спортист за 2018“ беа прогласени и гимнастичарката Јана Николова, како и Климент Ефтимов , најдобар стрелец од клубот Торо спорт.

Во категоријата најдобар млад надежен спортист беа доделени две награди, во машка конкуренција победи кик боксерот Јани Постолов, а во женска конкуренција беше избрана гимнастичарката Патриција Костадиновска.

За најдобар спортски настан, беше прогласен “Чупино треил“, првата меѓународна трка; за најдобар спортски клуб “Торо спорт“, за најдобар тренер Дарко Гоцевски, и за најдобар училишен клуб, признанието го доби УСК “Гоце Делчев“.

На спортистот на годината градоначалникот Ивица Димитров му врачи ваучер од 7000 денари и Признание, додека за сите останати следуваа парични награди од по 5000 денари.

За поединците (Ања Георгиева, Нина Пискунова, Лука Змејкоски, Лука Серафимовски; Јане Постолов; Џесика Арсова; Леонид Гошев; Димитриј Спасов) и клубовите следуваа Пофалници и награди од компанијата Макпрогрес. (Фотографии „ФОТО СТЕЛА“)

Регионални вести: Во Виница прогласени најдобрите спортисти за 2018 година!

Регионални вести: Во Виница прогласени најдобрите спортисти за 2018 година!

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, February 6, 2019

Од синоќа општина Виница започна да пишува уште една нова страница во спортската историја на градот. Овој настан беше…

Posted by Opstina Vinica on Wednesday, February 6, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*