Прес конференција по повод наградата која Миле Ѓорѓијоски ја доби за најдобар странски сатиричар

Во Виница се одржа прес конференција по повод наградата „Екселенција Сатира“ која афористичарот Миле Ѓорѓијоски од страна на српското друштво на писатели ја доби во чест на писателот Радое Домановиќ за најдобар странски сатиричар. Наградата на прес конференција денес јавно ја обзнанија, градоначалникот на Виница, Ивица Димитров и директорот на виничкиот Дом на култура, Јовица Илиев, кои во име на Советот на фестивалот „Ин Виница Веритас“, му упатија лична благодарност на Ѓорѓијоски за 25 годишниот несебичен придонес во развој на овој фестивал, а преку него и развој на светската сатира воопшто.
 
-После овогодишниот јубилеен 20 по ред фестивал „Ин Виница Веритас“ на кој што ја промовиравме книгата на нашиот соработник Миле Ѓорѓијоски „Трагачи по парадокси“, еве имаме доста добри вибрации од сатиричарите не само од нашата држава од целиот регион, па така Миле ја доби наградата „Екселенција Сатира“ која се доделува во чест на писателот Радое Домановиќ. Овој повод ќе го искористиме и да промовираме и неколку настани, а тоа е настанот кој ќе се одржи на 22 февруари во Белград, а исто така ќе се одржи и презентација на книгата на 9 февруари во Скопје, рече градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.
 
За Ѓорѓијоски наградата е големо признание за македонската сатира.
 
-Горд сум на оваа награда што ја освоив сега, бидејки ова не е само лично признание за мојата работа како сатиричар, ова е признание за македонската сатира, најмногу и за Советот на фестивалот „Ин Виница Веритас“ и градот Виница со кој веќе 25 години имаме успешна соработка Јас се надевам дека оваа наша соработка ќе продолжи ќе имаме уште многу книги од областа на сатирата, рече Ѓорѓијоски.
 
Покрај споменатата награда Ѓорѓијоски двапати бил добитник на уште неколку награди меѓу кои „Златна чивија“ за афоризам во 2013 и 2018 година, „Хумореска на годината“ од белградскиот Јежев хумор, а добитник е и на златна, сребрена и бронзена плакета за еротски афоризми и други признанија.

Прес конференција – Миле Ѓорѓијоски, добитник на наградата „Екселенција Сатира“

Прес конференција – Миле Ѓорѓијоски, добитник на наградата „Екселенција Сатира“

Posted by delcevo365.mk on Thursday, February 7, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*