Деветолетката „Ванчо Прке“ инвестира во заштита на имотот

Со инвестиција вредна 550 илјади денари обезбедени од сопствениот буџет во општинското основно училиште Ванчо Прке во Делчево во тек се градежни активности за изградба на нова дворна ограда со цел заштита на имотот на училиштето како и подобрување на безбедноста на учениците.
 
Претходната ограда како што информираше директорот на училиштето Горан Велков, не била целосна и имала многу оштетувања и затоа се гради нова трајна ограда.
 
 
-Изградбата на дворната ограда на училиштето се наметна од потребата за поголема контрола на влез и излез од училиштето, зголемување на безбедноста на учениците и заштита на имотот на училиштето. Очекуваме да се зголеми чистотата на училишниот двор и заштита на овошните дрвца кои се посадени во дворот, а сето тоа ќе придонесе кон нашата основна цел, училиштето да добие беспрекорен изглед на чистота и безбедност, рече Велков.
 
Додава дека согласно со проектот, училиштето ќе има два влеза од кои едниот кој ќе биде со ширина од 3 метри, ќе биде наменет за моторни возила, додека вториот влез кој ќе биде за пешаци, ќе биде со ширина од 1,2 метри.
 
Изградбата на дворната ограда ќе се реализира во две фази. Во првата фаза планирана е изградба на оградата во должина од 300 метри. Градежните работи треба да завршат до јуни месец, по што ќе следува реализација на активностите од втората фаза со која ќе биде изграден делот од оградат помеѓу деветолетката и детската градинка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*