Делчевската полиција даруваше крв!

Во организација на Општинската организација на Црвен крст, а во соработка со Полициската станица од општа надлежност од Делчево, денес се спроведе крводарителска акција во која главни носители беа полициските службеници како и припадниците на граничната полиција. Како што информираше доктор Весна Јанева од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија во рамки на акцијата е остварен предвидениот план од 20 крвни единици.
 
-Денеска во Делчево имавме планирано од 15 до 20 крвни единици, план кој го оставаривме до 13 часот до кога ги потребните. Составот на дарители беше одличен, крв даруваа припадници на Министерството за внатрешни работи од Делчево како и од граничната полиција. Техничките услови за спроведување на акцијата беа одлични така што во целост сме задоволни од крводарителите и се надеваме дека така ќе биде и во иднина, истакна Јанева.
 
Додаде дека во акцијата учествувале и заинтересирани граѓани кои ја пропуштиле редовната акција која се спроведе минатиот месец.
Ова беше втора крводарителска акциија која Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија ја спроведе во соработка со Општинската организација на Црвен Крст – Делчево. Следната акција како што истакнаа од Црвен крст Делчево ќе се одржи на почетокот на месец Март.

Делчевската полиција даруваше крв!

Делчевската полиција даруваше крв!

Posted by delcevo365.mk on Thursday, February 7, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*