Краток историјат за село Киселица

Киселица е село во Општина Делчево, во областа Осоговија кое се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Делчево, а неговиот атар се допира со државната граница со Бугарија. Селото е ридско-планинско и од разбиен тип, а неговите маала се сместени на надморска височина од 710-870 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 10,5 км2. Од Делчево е оддалечено околу 15 км.

Во почетокот на XX век, Киселица било село во Малешевската каза на Отоманската Империја.

Селото има мешовита земјоделска функција. Обработливото земјиште во селскиот атар зафаќа површина од 373 ха, пасиштата се на површина од 343 ха, а на шуми отпаѓаат 250 ха.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Киселица живееле 122 жители, сите Македонци христијани. По податоците на секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото имало 144 жители Македонци.Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 35 жители, од кои 34 Македонци и 1 Србин.

Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Киселица.

Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија.

Археолошки локалитети во село Киселица

Богословец – старохристијанска црква
Дупките – могила од римско време
Могилка – населба од доцноантичко време
Пештера – населба од неолитско време
Чукутин Дол – могила од римско време
Градиште – сакрален објект од доцноантичко време
Киселичка Пештера – населба од бронзено време

Цркви во село Киселица

Црква „Св. Никола“ – стара црква

Црква „Св. Ѓорѓи“ – нова црква

Црква Св.Ѓорѓи во село Киселица

Пештери

Киселичка пештера – пештера во близина на селото

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*