Со ликовна изложба продолжуваат културните активности во М.Каменица

Огромен интерес кај љубителите на ликовната уметност од М.Каменица денес во предизвика ликовната изложба „Парижанка во Македонска Каменица“, која се реализираше на иницијатива на Културно-информативниот центар „Романса“ во соработка со уметникот Лена Ѓуриќ. Како што истакна авторката Ѓуриќ денешната големата посетеност е она што му дава поттик на секој уметник и понатаму да продолжи да твори.
 
-Овде имаме 30 изложени слики кои ќе можат да ги видат сите оние кои дојдоа. Јас навистина сум изненадена од посетеноста и токму тоа е она што не тера и понатаму да твориме и со нова изложба повторно да дојдеме во овој град и секако делата да ги презентираме на што поголем број луѓе во Македонија, рече Ѓуриќ.
 
Како што информираше директорот на КИЦ „Романса“, Горан Огнановски, изложбата ќе биде отворена за посетителите во наредните две недели.
 
-Сите оние кои сакаат да ги видат овие инзвонредни ремек дела на уметникот Лена Ѓуриќ тоа ќе можат да го сторат во наредните две недели. Од наша страна планирана е активност со учениците од основното и средното училиште за кои заедно со нивните професори е предвидена групна посета на изложбата, рече Огнановски.
 
Ова беше прва активност во делот на културата во 2019 година во организација на Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица. Во периодот кој следи, оттаму најавија голем број на куклтурни активности во 2019 година меѓу кои театарски претстави за деца и возрасни, кино претстави како и концерти на фолклорни ансамбли од земјава и странство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*