Во најава активности за довршување на реконструкцијата на патната мрежа Делчево-Виница

Со асфалтирање на уште три и пол километри од делчевска и два километри од виничка страна во наредниот период се очекува целосно завршување на градежните активности за поврзување на општините Делчево и Виница со целосно нова асфалтна мрежа.
 
Во изминатата година се рехабилитираше старата патна инфраструктура на потегот Виница – Бигла при што во делот кој потпаѓа на територијата на Виница беа завршени 80 посто од предвидените работи.
 
-Минатата година го поврзавме патот од Виница кон село Бигла, при што од наша страна асфалтиравме 6,5 километри со што патот од три го проширивме на 5 метри. За оваа година ни останаа уште 2 километри на територија на општина Виница кои се надеваме дека до крајот на летото ќе ги завршиме. Имавме разговор со градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски по кој очекуваме и останатите три и пол километри од село Трстија до село Бигла кои што се во територија на општина Делчево да бидат поврзани, истакна виничкиот градоначалник Ивица Димитров.
 
Освен овој патен правец годинава во програмата на ЈП Државни патишта е влезена и реконструкцијата на патот А3 во должина од 5 км, односно делница на бул „Македонија“ во Делчево до селото Ѕвегор. Исто така, ќе се реконструираат и 15 км од патниот правец Делчево – Пехчево.

Во најава активности за довршување на реконструкцијата на патната мрежа Делчево-Виница

Во најава активности за довршување на реконструкцијата на патната мрежа Делчево-Виница

Posted by delcevo365.mk on Friday, February 8, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*