Едукативна трибина за земјоделците во вторник во Делчево

Eдукативна трибина со производителите и откупувачите на слива и друго коскесто овошје на тема „Мерки за превенција и сузбивање на штетниот организам Monilinia Fructicola кај коскестото овошје“, следниот вторник 12 февруари 2019, со почеток во 11:30 часот, во фоајето на спомен-домот АСНОМ ќе се одржи со земјоделците од Делчевско.
 
На средбата ќе присуствуваат претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа, Државниот инспекторат за земјоделство, Факултетот за земјоделски науки и храна, како и од Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството.
 
Едукативната трибина е дел од активностите предвидени со цел во претстојната сезона да се отстрани временото ограничување за извоз на коскесто овошје од Република Македонија во Руската Федерација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*