Најавени нови инвестиции во градинката во Делчево

Со неколку планирани инвестиции во Општинската јавна установа Детска градинка „Весели Цветови“ во Делчево ќе се подобрува квалитетот на услугите во воспитно-згрижувачката дејност на децата кои се на престој во градинката. Од позначајните зафати директорката на градинката Билјана Симовска ја издвои реконструкцијата на канализационата мрежа и дел од посточекиот кров во градинката.
 
-Во нашата установа во текот на оваа година планирана е целосна реконструкција на канализациона мрежа во делот на кујната до главниот одвод, целосна замена на подни и ѕидни плочки во кујната, како и дел од плафонот. Поради проспусти во изведувањето оваа година мора да направиме и реконструкција на новопоставениот кров и на дел од фасадата на установата. Ова се само дел од активностите кои се неопходни за нормално функционирање на установата и обезбедување квалитетна услуга на нашите корисници, рече Симовска.
 
Додава дека за целосната реализација на планираните проекти ќе бидат одвоени средства од буџетот на градинката.
 
Со подобрувањето на временските услови и доаѓањето на пролетта како што информираат од градинката тековно е планирано и поставување на нов земјен слој и засејување трева во постоечката дворна површина во стариот дел од градинката како и во делот околу доградбата на занимални.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*