Претставник на РЦЗ на студиска посета во Германија

Четиринаесет претставници од граѓанските организации грантисти во програмата мали грантови „Активирај“, меѓу кои и претставник на РЦЗ, во периодот од 28 јануари до 1 февруари 2019, беа на студиска посета во Германија.

Учесниците имаа можност да се запознаат со стандардите на ЕУ во однос на нивниот сектор на делување, како и да посетат организации на ЕУ. Многу нови информации и практики беа споделени за време на посетите.

Искуствата стекнати на оваа посета во Германија, претседателот Тони Стоименовски ги пренесе на тимот на РЦЗ кој во иднина ќе развива нови идеи, соработки и добри практики.

За време на студиската посета, се посетени повеќе организации и институции,

– Aktion Mensch, организација од Бон
– Helping Hands, организација од Келн
– Landtag North Rhine-Westphalia, парламент во Диселдорф
-Junge Stadt, организација од Келн
– Save me Bonn – a refugee initiative, организација од Бон
-Arbeiter-Samariter-Bund North Rhine-Westphalia, претставништво на АСБ во Келн
– Workshop by Fairtrade Germany, организација од Келн

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*