Регионално: Професионални енолози дегустираа преку 100 мостри вино и ракија во Виница

Преку 100-на мостри на домашни вина и ракии беа дегустирани синоќа во пресрет на 39-та лозар-овоштарска Манифестација во Виница . Група од 8 енолози од Кавадарци, Скопје, Неготино, Штип, како и наши стари винички мајстори го оценуваа напредокот кај домашните производители на црвено, бело вино, сливова и гроздова ракија.

Генералната оценка на дегустаторите се резимираше со потребата од надминување на менталниот склоп и примање сугестии и совети од стручни лица……. Според Елена Бугева,енолог од Кавадарци -“Виничани да продолжат да прават вина , да се гордеат со тоа што го имаат, да слушат совети од лозари и винари, доста вина имаше со остаток на шеќер, и тоа е веќе проблем чим ќе почне да се затоплува времето“.


Според Лазар Ботварски, енолог од Винарска визба “Вардарска Долина (Неготино) -“Потенцијалот е голем, да пробат да се едуцираат повеќе, професионално да се занимаваат, но овде сеуште менталитетот е фактор, треба да сфатат дека секогаш треба да се прифати од некој кој знае и умее повеќе“.


Васка Стоилова , енолог од Винарска визба “(Медивалеј), Бугарија рече дека после 4 години континуирана дегустација во Виница, веќе има напредок…..

-Ако пред 4 години, од 75 мостри едвај избравме три убави вина, веќе следната година беа поубави, лани половината беа добри, оваа година две третини од мострите се веќе добри. За домашно вино дома нема идеални услови, но сакам да ги пофалам винарите дека има многу добри вина, и ние се двоумевме кое да е на прво, кое да е на второ место. Сакам да им посакам на сите лозари и винари да се радуват на добро вино и да го пијат со добри луѓе, порача Стоилова.

Најдобро бело вино минатата година произвел Венцо Соколовски од Градец, а црвено вино Венцо Вуинов. За најдобра лозова ракија беше награден Војо Костадинов, а сливовата ракија ја усовршил Данило Митев. Меѓу наградените имаше гостин и од Гевгелија кој со виничко грозје направил квалитетно вино, Ристо Миов беше второнаграден за бело, третонаграден за црвено вино. Награда за добро вино доби и Војчо Стојчев, а за квалитетната ракија наградени беа и Симон Петров, Филип Костадиновски, Орце Николовски, Влатко Вуинов. Пoфалени беа Тони Велков и Орце Пешов…

Наградите за најдобрите вина и ракии, официјално ќе бидат врачени во рамки на 39-та лозар-овоштарска вечер која ќе се оддржи во сабота во хотел ЦЕнтробизнис.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*