Со промоција во Скопје продолжува успешната приказна на “Трагачи по парадокси” од Миле Ѓорѓијоски

Делчевскиот афористичар Миле Ѓорѓијоски продолжува со промоциите на своето последно дело, четвртата книга од едицијата Балканска сатира насловена ,,Трагачи по парадокси”. Делото ќе биде промовирано утре, сабота 9 февруари, со почеток во 13 часот, во Големата сала на Домот на градежните работници во Скопје. Рецензенти на делото во кое се поместени 2.000 афоризми од 28 истакнати автори од десет европски држави се познатите имиња на балканската сатира Васил Толевски и Александар Чотриќ.

-Покрај застапеноста на познати имиња на балканската сатита, освен моите афоризми на страниците на ова раскошно афористичко издание можат да се прочитат афоризмите и од петмина македонски афористичари меѓу кои Љупчо Сиљановски, Иван Карадак, Васил Толески и Витомир Долински. Се надевам дека утрешната промоција ќе го заокружи досегашното успешно претставување на балканскиот алманах кој е во едиција на фестивалот ,,Ин Виница Веритас”, истакна Ѓорѓијоски по повод утрешната промоција.

Трагачи по парадокси досега имаше промоции во Виница, Пехчево, Белград, Темишвар, а заедно со утрешната промоција посетителите ќе можат да ги видат и карикатурите од фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница Веритас – 2018“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*