Повратник во Македонска Каменица ќе отвора школа за пица-мајстори

Зоран Јовановски е повратник кој неодамна се врати во Македонска Каменица и реши да отвори свој сопствен угостителски објект каде ќе го работи она што најдобро го знае и умее, а тоа е правењето пици.

Јовановски во изминатите години учествуваше на голем број натпревари во подготвување на вкусниот специјалитет пица при што има освоено голем број на награди, во Италија, Шведска, Норвешка, а учествувал и на натпревар во Шангај.

Големиот број на награди кои ги освоил Јовановски се составен дел од неговата пицерија La cucina pizzeria Napoletana каде од неодамна за прв пат започна да се служи пица од црно тесто, специјалитет кој многу ретко може да се сретне во пицериите низ Македонија.

Своето искуство Јовановски наскоро планира да им го пренесе на сите заинтересирани кои ќе сакаат да го научат занаетот на подготвување пица преку отворање на првата школа за пица-мајстори која најдоцна до септември ќе биде отворена најпрвин во Македонска Каменица, а потоа и во некој од соседните градови.

РАЗГОВОР СО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ ОД М.КАМЕНИЦА ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ПИЦ МАЈСТОРИ ВО МАКЕДОНИЈА

РАЗГОВОР СО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ ОД М.КАМЕНИЦА ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ПИЦ МАЈСТОРИ ВО МАКЕДОНИЈА

Posted by delcevo365.mk on Saturday, February 9, 2019

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*