Отстранета информативната табла на патеката која води кон Ѕвегор

Не престанува вандалството на подрачјето на општина Делчево. Наши читатели денес попладне ни споделија фотографии на кои јасно се гледа дека е отстранета информативната табла кај пешачката патека која води до село Ѕвегор.

Информативната табла последен пат беше забележана на 30 јануари што може да се види од видео записот за самата пешачка патека кој беше направен на споменатиот датум и на која јасно се гледа дека таблата е таму без било какви оштетувања.

Пешачка патека ,,Илин Камен” (Информативна табла – десно)

По отстранување на јавниот инвентар и кршењето на млади насади во градскиот парк во Делчево, за краток период ова е трет случај на вандалство за кој се информирани надлежните.

Инаку, рекреативната велосипедска патека „Илин Камен“ е долга 5 km и ги поврзува градот Делчево со локалитетот „Илин Камен“.

Излегувајќи од Делчево на околу 600 m надморска височина, патеката првин минува по ридест терен до с.Ѕвегор, а од тука постепено се искачува до 880 m надморска височина кај Илин Камен. Според тоа, висинската разлика е 280 метри, што на должина од 5 km значи релативно мал наклон, без нагли успони и спуштања. Затоа е погодна за рекреативен велосипедизам, но и за пешачење во природа. Патеката е поплочена со цврста подлога – бехатон, а има и осветлување, што значи дека може да да се користи и ноќе. На повисоките делови, над с.Ѕвегор има одлични панорамски позиции со поглед кон околните планини, долината на Брегалница и Пијанец.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*