,,Above” – Прва песна на делчевскиот хеви-метал бенд Rayber

Делчевскиот хеви-метал бенд ,,Rayber” кој е формиран во 2019 ја објави својата прва нумера со наслов ,,Above”, песна која има и свое видео-издание на видео-мрежата YouTube.

Нумерата е дело на самите членови на бендот, инаку двајца искусни музичари, гитаристот Стоил Цековски – Цоцо и вокалот Иван Тренчевски кој воедно е и целосен продуцент на ,,Above”.

Стоил Цековски – Цоцо и Иван Тренчевски се познати како членови на Cover бендот Live Stream чиј состав го надополнуваат музичарите Благој Милчевски и Александар Гоцевски.

Како Live Stream настапуваат најмногу во Делчево и околните градови, но и во познати дискотеки и клубови во Источна Македонија.

Еве како звучи и изгледа најновиот видео запис за ,,Above”!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*