Домашните производи на Ранка Трајановска и денес ја збогатија понудата на градскиот пазар во Делчево

Грав, компир, пченка, суви пиперки, суви сливи и цреши. Ова е само дел од богатиот асортиман на тетка Ранка Трајановска, чии производи секоја сабота може да ги купите на градскиот пазар каде најчесто таа ги продава. И денес 16 февруари 2019, тетка Ранка беше тука и како и секогаш расположена за разговор ни претстави дел од своите производи кои беа распослани на нејзината тезга.

-Имаме грав, пченка „миена“, ореви, компир. Цените се пристапни, компирот чини 25 денари за килограм, пченката 50 денари, гравот го продавам 150 денари, сливата сушена 250 денари, сувата цреша 400 денари за килограм, плетените чорапи 300 денари исто така продавам и „калци“. Имаме од се по нешто. Фала му на Бога добро е. Купувачи има, има и од Бугарија, ако има пари и здравје и живот секој ден ќе ни биде „Бугарија“, вели Трајановска.

Производите на Ранка Трајановска од с.Габрово меѓу најбараните на градскиот пазар во Делчево

Производите на Ранка Трајановска од с.Габрово меѓу најбараните на градскиот пазар во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Saturday, February 16, 2019

Еве што се друго можеше да се купи на градскиот пазар во Делчево.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*