Педесетина жители на улицата „Видео Смилевски – Бато“ во Делчево без пат и канализација

Околу 50 години жителите на улицата „Видео Смилевски – Бато“ од населбата Расадник во Делчево бараат приклучување на канализационата мрежа како и асфалтирање на нивната улица. Само на тој начин како што вели Мире Андонов, жителите на оваа улица ќе имаат основни услови за живот кој го заслужува секој граѓанин.
 
-Бараме да се направи улица, веќе околу 50 години како не е направена, од мојата куќа во продолжение жителите немаат канализација, улицата треба да биде 6 метри, а таа нема ни 3 метри. Поради тоа што е тесна многу возачи кои поминуваат овде кога е дожд паѓаат во блискиот ендек. Сме биле кај сите градоначалници во минатото од кои само баравме основни услови да функционираме, вели Андонов.
 
Додава дека поради лошиот терен болничките возила немаат пристап до улицата. Тврди дека поради ова нивни сосед починал, а сосетка се има породено во својот дом.
 
Слични проблеми доживеал и Кире Станковски и неговата мајка.
 
-Мајка ми беше со болки во стомакот, но поради калта другарчето не можеше да излезе со колата и моравме со ќебе на раце да ја носиме до местото каде има асфалт, вели Станковски.
 
Проблемот е стар 5 децении и како што вели актуелниот градоначалник Горан Трајковски досега го занемарувале 5 гарнитури градоначалници.
 
-Ние како локална самоуправа сме задолжени да го решаваме и овој проблем, но како што реков има приоритети. Најпрвин ќе изготвиме проектна документација за оваа улица и ќе ги решаваме проблемите на граѓаните кои не се само на овој потег,туку и на други места на периферијата во Делчево, истакна Трајковски.
 

Жителите на Видео Смилевски – Бато велат дека се редовни плаќачи на даноци, а објектите им се легализирани. Се што бараат е да не газат кал и да бидат приклучени на канализацијата.

Повеќе од 50 години жителите на улицата Видое Смилевски -Бато без пат и канализација!

Posted by delcevo365.mk on Saturday, February 16, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*