Во пријателски натпревар ЖФК ,,Каменица Саса” поразен од ЖФК ,,Спортика” од Благоевград

Во Македонска Каменица денес во пријателски фудбалски натпревар силите ги одмерија фудбалерките на ЖФК ,, Каменица Саса” кои го пречекаа силниот тим на ЖФК ,,Спортисимо” од Благоевград, соседна Бугарија. Според стручниот штаб на домашниот тим, пријателскиот натпревар бил одлична можност за подготовки на екипата пред претстојниот пролетен дел од сезоната во Првата женска фудбалска лига на Македонија.
 
-Ова беше тврд натпревар во кој ги одмеривме силите со подобар противник кој победи со 0:3. Во првото полувреме гостите беа подобри и заслужено го добија со 0:2, додека во второто полувреме играта беше рамноправна при што гостите постигнаа уште еден погодок. За нас најважно беше темпирање на формата за продолжението од сезоната во првата фудбалска лига. Ова искуство и тоа како ќе им биде добредојдено на фудбалерките од М.Каменица за подобрување на пласманот на табелата, велат од стручниот штаб на ЖФК „Каменица Саса“.
 
По есенскиот дел од сезоната екипата се наоѓа во горниот дел на табелата, а очекувањата на стручниот штаб од М.Каменица се екипата да се искачи неколку скалила погоре.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*