Кик боксинг клубот „АС“ со два медали се врати од Државното првенство во кик бокс

Дилан Ивановски и Павел Стојчевски се двајцата јунаци кои на кик боксинг клубот „АС“ од Делчево му донесоа два медали од штотуку одржаното Државно првенство во кик бокс кое се одржа во Скопје.

Павел Стојчевски настапи во дисциплината Kick-light за помлади кадети (-37 килограми), во која категорија го освои бронзениот медал, додека Дилан Ивановски исто така се натпреваруваше во дисциплината Kick-light за постари кадети (-42 килограми) во рамки на чиј настап осови сребро.

Овие борби воедно се предигра за она што ќе следува за 5 дена во Босна и Херцеговина каде кик-боксинг клубот „АС“ ќе настапи на „WAKO GRAND PRIХ 2019“ во Сараево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*