Basket4Kids овој викенд во Македонска Каменица

Македонска Каменица и кошаркарскиот клуб  Баскет Кам ги прават последните подготовки за големиот спортски спектакл „Баскет фор кидс“ (Basket4Kids), кој во организација на Sport Club TV оваа сабота ќе се одржи во спортската сала во М.Каменица. Во рамки на турнирот, како што истакна Горан Даниловски од екипата на Баскет Кам, ќе се одиграат кошаркарски натпревари помеѓу деца на возраст до 12 години.
 
-Ова е значаен ден за најмладите кошаркари од нашиот град. Исто така спортскиот настан е значаен и интересен настан за љубителите на кошарката од Македонска Каменица и регионот, затоа што ние како кошаркарска екипа ќе бидеме домаќини на кошаркарски турнир кој веќе неколку години се одржува на просторите од бивша Југославија. Турнирот ќе се игра во сабота на 23 февруари со почеток во 10:00 часот во Спортската сала во Македонска Каменица, истакна Даниловски.
 
Очекувањата од турнирот како што додава Даниловски се тој биде одлична можност за дружба помеѓу најмладите кошаркари, но и можност за размена на искуства од кошаркарската игра.
 
Годинава покрај Македонска Каменица домаќин на натпреварите помеѓу кошаркарски екипи до 12 години ќе бидат и Скопје и Кавадарци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*