Одбележан денот на мајчиниот јазик во Делчево

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик денес во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево се одржа едукативна работилница на тема „Мајчин јазик“. Како што информираше Билјана Петровска, директор на библиотеката, настанот се реализираше во соработка со учениците од деветолетката Св.Климент Охридски од Делчево.
 
-ЈЛБ „Илинден“ заедно со општинското основно училиште Св.Климент Охридски го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. По тој повод денеска во читалната на библиотеката организиравме работилница на која учениците уште еднаш ја покажаа својата креативност и умешност. Децата изработија ѕидни весници на кои беа претставени убави мисли и изреки за мајчиниот јазик. Денешниот ден е уште еден повод да се потсетиме колку е важно да го негуваме чуваме и користиме нашиот јазик, рече Петровска.
 

Во одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се вклучија и наставниците и учениците од деветолетката „Ванчо Прке“ во чии рамки стручниот актив по македонски јазик и претставникот од училишната библиотека, поделија училишни лектири за учениците од второ до петто одделение, во селата Габрово и Ѕвегор со што им дадоа можност за користење поголем број на лектирни изданија во повеќе примероци.

Одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Friday, February 22, 2019

Дел од пораките кои ги упатија учениците од деветолетката Св.Климент Охридски по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Дел од пораките кои ги упатија учениците од деветолетката Св.Климент Охридски по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Posted by delcevo365.mk on Friday, February 22, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*