Практична размена на искуства помеѓу детските градинки ,,Весели Цветови” од Делчево и ,,Росица” од Софија

Група вработени во градинката „Весели цветови” од Делчево, учествуваа на еднодневна работилница во рамки на практичната размена на искуства со вработените во детската градинка ,,Росица” во Софија. Како што информираше Билјана Симовска, директор на детската установа од Делчево, на средбата со колегите од Бугарија биле разменети искуства во делот на методите на работа и најдобрите практики кои се користат при обуката на децата.

-Во рамки на организираните наставни активности домаќините ни ја претставија програмата по која се работи во тамошната градинка. Преку проектните активности, материјалите и методите кои се користат во работата со децата од различни возрасни групи имавме можност да видиме како тече еден работен ден во софиската детска градинка. Посебно внимание беше посветено на соработката со родителите и иницијативите кои се организираат со нив. Ова се искуства што секако ќе ни бидат добредојдени во нашата понатамошна работа, истакна Симовска.

Како што дополни Симовска со директорката на ,,Росица” биле разгледани добрите менаџерски практики поврзани со справувањето со различни предизвици, управувањето со кампусот и заедништвото како и мотивирањето на колективот кој е составен од професионалци.

Оваа размена на искуства помеѓу вработените во двете установи е уште еден дел од иницијативата на Фондацијата на Д-р Милен Врабевски во насока на афирмација на добрососедскиот дијалог и воспоставување на ефективни практики за прекугранична соработка во името на заедничката европска иднина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*