Краток историјат за Делчево со фотографии од дрон!

Делчево е град во источниот дел на Македонија сместен во областа Пијанец, во близина на границата со Бугарија. Делчево, според едно предание во византиско време се викало Василево, што преведено од грчки значи Царево Село.
За прв пат како населба Царево Село се споменува во една повелба на Цар Душан од 1347 до 1350 година. Со неа тој му подарил повеќе места и ниви од Пијанец на манастирот од Лесново.

Османлиски период
 
Во турско време Делчево се нарекувало и Султанија, по аналогија на изворното име. До 17 век населбата лежела на десната страна на реката Брегалница на денешниот топоним Селиште, поточно под ридот Острец близу до патот што води за Република Бугарија.
 
Од првите векови на турското владеење за положбата на Делчево нема многу податоци. Во средината на XVII век во неговата околина претстојувал султанот Мехмед IV. Во времето на неговата посета на Пијанец врз населението е извршено масовно исламизирање.
 
Поради зулумот и притисокот многу македонски населби опустеле, а меѓу нив и тогашното Царево Село. Се претпоставува дека во времето на тој султан населбата е преместена на денешното место на левата страна на реката Брегалница. Како доказ се наведува и градската џамија изградена во XVII век.
 
 
Но, на размислување упатува тоа што турскиот патеписец Евлија Челебија тука поминал само неколку години подоцна во 1670 год. и во својот Патепис запишал:
 
“Од Виница се поткачивме на кочанската планинска рудина, движејќи се низ клисурата и по четири часа стасавме во Царево Село. Ова е муслиманско село расположено во полите на една планина и е украсено со околу 100 куќи и една ѓевѓирана со минаре чудесна џамија.“
 

Треба да се спомене и народното предание кое вели дека населбата под ридот Острец се запустила кога владеела болеста чума и преживеаното население се населило на местото каде што денес е Делчево.

Како најстар дел на градот се смета турската колонија што се создала околу џамијата. Според Јаранов, сè до 19 век Делчево било село, турска колонија, населена со чистокрвни Турци и голем дел исламизирано македонско население, наречено Помаци кое не го знаело турскиот јазик. Само неколку фамилии биле православни македонски.
 
Кон средината на XIX век почнала да се развива чаршијата и да расте населбата, а воедно и да се зголемува македонското население. Откако се исполнил просторот во Средно Маало, започнало ширењето преку Гочо Поток т.е. горно маало или денешен I реон. Во 1863 год. во Делчево имало 75, а во 1873 год. 109 македонски куќи.
 
Во 1856 година била завршена изградбата на црквата околу која главно било населено македонско население кое бегало од турските зулуми во околните села. Поголемо иселување на македонското нселение од овој крај имало во 1878 год. по Руско-турската војна. По завршувањето на војната, познатиот македонски војвода Илија Марков (Дедо Иљо Малешевски) ја создал малку познатата Пијанечка Република, а по нејзиното уништување, македонското христијанско население плашејки се за својата безбедност масовно бегало барајки засолниште на територијата на штотуку создадената Бугарија.
Околу 150 македонски домаќинства од селата и градот се иселиле во Ќустендилско. Еден помал дел од тие бегалци подоцна се вратиле. На местото на иселените Македонци се населиле турски бегалци од Бугарија, па дури и од Босна и Херцеговина. Придојденото турско население, наречено „Маџирци” се населило во Маџир маало, денешниот III реон на градот.
На левата страна покрај реката Брегалница, на тесниот рамен простор каде што биле мегданите и ановите, започнала градбат на трговските и занаетчиските дуќани покрај двете тесни улици. Со тоа конечно се формирала чаршијата и Делчево прераснало во градска населба.
 
Балканските и светските војни
 
За време на Балканските војни голем број на турското население го напуштило градот, така што во 1914 година бројот на жители изнесувал 1.701. По овие војни дошла нова македонска населеничка струја од околните села, а најмногу од пасивните села Бигла, Селник и Драмче кои ги купувале турските имоти.
 
Во 1931 год. бројот на населението се зголемило на 3.746 жители. По оваа година доброволно продолжило иселувањето на турското население во Турција, особено во 1953 година. Во 1935 година започнале да се градат првите куќи на десната страна на реката Брегалница.
 
По ослободувањето, на 23 април 1950 година Президиумот на Народното собрание на НР Македонија донесува одлука Царево Село да биде преименувано во Делчево, во чест на Гоце Делчев.
 
Во шеесетите години гратчето се прошири на десната страна на река Брегалница, а во седумдесетите и на ридот Милково Брдо. Со порастот на вработените во работни организации во Делчево, растеше и бројот на населението во него. Денес Делчево е модерна градска населба со широки асфалтирани улици и булевари, канализациона мрежа и со паркови и зеленило.
Местоположба
 
На 164 км источно од Скопје, во подножјето на планината Голак, распослан на двата брега на реката Брегалница лежи градот Делчево. Тоа е најголемо населено место во областа Пијанец, која се протега на површина од 585 км 2 , сместена помеѓу Осоговските планини (на север) и Малешевските ( на југ).
 
Градот лежи на надморска височина од 590м до 640 м. И покрај тоа што се наоѓа во најисточнот дел од државата Делчево има релативно добра географска положба и сообраќајна поврзаност. Тоа е крстосница за источна Македонија. Преку Пехчево (27 км) и Берово (34 км) е поврзано со Струмица на југ, а преку Македонска Каменица (24 км) и Кочани (51 км) е поврзано со Штип на северозапад.
 
На запад на 39 км, се наоѓа Виница, а на исток е граничниот премин “Арнаутски гроб” (11 км), преку кој се стигнува до главниот град на Пиринска Македонија – Благоевград (34км).
Клима
 
Климата во Делчево е континентална источно-европска со модифициран плувиометриски режим. Просечната годишна температура во Делчево изнесува 11°С, со апсолутен минимум од -26°С и апсолутен максимум од 39°С, додека на повисоките предели просечната годишна температура паѓа до 3,5°С. Најтопол месец е август, а најстуден е месец јануари. Пролетта е секогаш постудена од есента.
 
Облачноста не е голема, така што во годината доминираат сончеви и ведри денови. Просечните годишни количини на врнежи во Делчево изнесуваат 548 мм, а на планините над 1.600 м.н.в. и до 1.000 мм. Врнежите, иако се релативно ниски, нивниот распоред во вегетациониот период (април-септември) е поволен и изнесува над 50% од вкупните годишни врнежи.
 
Вегетациониот период со температура повисока од 10°С трае 191 ден во текот на годината. Ваквата поволна клима овозможува виреење на разни растенија, а воедно претставува и многу погоден природен услов за развој на туризмот во овој крај.
 
Вегетациониот период со температура повисока од 10°С трае 191 ден во текот на годината. Ваквата поволна клима овозможува виреење на разни растенија, а воедно претставува и многу погоден природен услов за развој на туризмот во овој крај.

Население
 
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Царево Село (Делчево) живееле 1.520 жители, од кои 575 Македонци муслимани, 520 Македонци христијани и 425 Турци.
 
Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Царевоселскиот срез имало 20.159 жители, од кои 3.173 во Царево Село (Делчево), а 16.986 во селата (Пијанец, Осоговија). Од етнички аспект, населението го сочинувале 15.669 (77,7%) Македонци, 4.036 (20 %) Турци, но дел од нив и Македонци муслимани, 300 (1,48 %) Роми и 154 останати.
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 11.500 жители и спаѓал во групата на средни градови. Етнички гледано, населението е составено од: Според послениот Попис на населението на Македонија од 2002 година, градот има 11.500 жители.
Јазик
Во градот се зборуваат следниве јазици:
 
Вероисповед
Во Делчево се застапени следните религиски групи:
 
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Делчево:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Културни и општествени објекти
 
Цркви
 
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ – црква во повисокиот дел на градот;
Црква „Св. Кирил и Методиј“ – нова црква во долниот дел на градот;
Црква „Св. Климент Охридски“ – нова црква на локацијата на која во 1961 година, со одлука на тогашната власт била срушена црква;
Црква „Св. Наум Охридски“ – црква крстилница. Осветена е на 4 Август 2013 година;
Црква „Св. Богородица“ – гробјанска црква ;
Црква „Св. Богородица Балаклија“ – главна манастирска црква на Делчевскиот манастир;
Црква „Покров на Пресвета Богородица“ – манастирска црква во Делчевскиот манастир;
 
Училишта
 
СОУ “Методија Митевски Брицо” – Делчево
ООУ “Ванчо Прке” – Делчево
ООУ “Св. Климент Охридски” – Делчево
 
Збратимени градови
 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*