Со три сребрени и еден бронзен медал кик-боксерите од „АС“ Делчево се вратија од настапот во Сараево

Младите кик-боксери од кик-боксинг клубот „АС“ од  Делчево со три сребрени и еден бронзен медал се вратија од штотуку завршениот спортски настан Wakko Grand Prix 2019, кој од 22 до 24 февруари се одржа во Сараево. Како што информираше тренерот на делчевци, Љупчо Стојчевски, кој воедно ја имаше и улогата на Меѓународен судија на турнирот, екипата од Делчево од 94 екипи кои настапиле во  Сараево го освоила 54 место.
 
-Ова беше исклучително успешен настап за кик-боксинг клубот „АС“ од Делчево најмногу поради фактот што нашите претставници Павел Стојчевски и Дилан Ивановски освоија 4 медали од кои 3 сребрени и еден бронзен медал. Стојчевски медал освои во категориите поинт-фајт за помлади кадети како и во лајт-контакт исто така во категоријата помлади кадети (-37 кг). Ивановски пак бронза освои во дисциплината лајт-контакт во категорија за постари кадети(-42 кг), додека среброто кое лесно можеше да биде и злато го освои во кик-лајт за постари кадети (-37 кг), соопшти Стојчевски.
 
Стојчевски во улога на судија на турнирот судеше во над 100 натпревари што е своевиден рекорд за било кој судија во едно натпреварување.
 
На турнирот во Сараево учествувале вкупно 95 клуба од 9 земји од Балканот и Европа со вкупно 512 натпреварувачи кои ги покажале своите вештини во кик боксинг.
 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*