Убедлива победа на РК Делчево над екипата на РК Весна Акумулатори

Во рамки на првата подготвителна средба за пролетниот дел од натпреварувањата во младинските категории, екипата на РК Делчево денес славеше убедлив триумф над домашната екипа на РК Весна Акумулатори која во Пробиштип ја совладаа со 17 : 42.

Според информациите од стручниот штаб на делчевци, во ниту еден момент нивната победа не била доведена во прашање, најмногу благодарение на цврстата одбрана која резултирала со брзи контранапади и ефектни погодоци.

Честитки до младите делчевци кои натпреварите од редовното пролетно коло ги продолжуваат кон средината на март, кога љубителите на ракометот од Делчево, повторно ќе можат да следат возбудливи спортски натпревари во салата на гимназијата Методи Митевски – Брицо.

Дотогаш екипата преку контролни натпревари ќе ја темпира формата за што подостојно претставување во продолжението од сезоната.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*