Зголемена побарувачката за популарните “мартинки”!

Нема промени во цените на мартинките оваа година. Најевтините мартинки годинава може да се купат по цена од 10 денари, додека најскапите се 50 денари. Според трговците не е важна цената, туку она што останало како традиција, а е поврзано со мартинките.

-Најмногу се купуваат мартинки од 10 до 20 денари, но има и такви кои сакаат да купат од 50 денари. Ако ја тргнеме цената настрана која е прифатлива изборот на мартинки годинава е многу поголем. Најпосакуваните за децата се мартинките со омилени нивните омилени херои, додека жените одбираат мартинки со одредени нијанси. Она што сепак исто така се бара се мартинките со порака на среќа, љубов и надеж, велат трговците.

Најширокиот спектар на „мартинки“ и годинава може да се најдат  пред продавницата на ,,Светлина” каде што љубезните продавачи со насмевка ги пречекуваат своите клиенти и ги праќаат со желба за многу среќа и здравје.

Што всушност означуваат „мартинките“

Мартинка е висулец од засукани конци кои се ставаат на 1 март за здравје. Мартинката се изработува од волнено или памучно предиво во 2 основни бои, бела и црвена. Овој празник уште се нарекува и празник на “Баба Марта”.

Ставањето мартинки покрај тоа што е познат обичај кај Македонците се јавува во неколку форми, во зависност од државата каде се практикува. Во Романија и Молдавија, мартинката се нарекува mărţişor, но таму мартинки носаат само жените, додека во Бугарија и Македонија ги носат сите.

Мартинките се носаат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен и по нив се гледа. Ако после еден месец под каменот има мравки, годината ќе биде береќетна. Во некои краишта на Бугарија со мартинки се китат и домашните животни. Понекогаш мартинката се пушта во најблиската река “за да оди, како тече реката”. Традицијата вели уште дека среќа носи таа мартинка која ти е подарена. Затоа сите си даваат мартинки (роднини и пријатели) и досега.

Земате еден бел и еден црвен конец – по можност волнен или дебел вештачки. Ги заврзувате двата конца еден за друг. Замолувате пријател да го држи единиот крај на конците, вие држејќи го другиот (ако нема кој да помогне, го врзувате едниот крај за нешто). Го затернувате конецот и почнувате да засукувате помеѓу прстите само во една насока. Ги вртите конците, додека не почнаат да се завиваат еден со друг, и тоа на ситни суканици. Внимателно ги собирате двата краjа и ги пуштате. Земате еден картон со димензии 5 на 6 см и го преклопувате на две. Започнувате да го замотувате белото и црвеното предиво околу него, така што од едниот краj да се одминува од другиот. Замотувајте колку пати сакате. Колку повеќе обиколки, толку подебела е Пенда. Го сечете конецот. Го поминувате пресуканиот конец во свитканиот дел на картонот. Разделете ги со ножици завитканите делови на местото каде што нема картон. Така се добиваат ресичките. Извлечете го внимателно картонот и вржете ги двата краjа на ширина. Потоа со друг конец или со дел, пресечена од ширината, врзете подолу, за да направите глава.

Што вели Црквата за ‘мартинките’

Секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена ‘мартинка’ (нешто како нараквица направена од црвен и бел конец) за здравје и среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни.

Не може истовремено да веруваме и во Бог и во ‘мартинка’. Верата и суеверието немаат ништо заедничко, исто како што и Бог нема ништо заедничко со ѓаволот. А на два господари не можеме да им служиме, или ќе Му служиме на Бог или на ѓаволот – па секој слободно нека избере кому ќе му служи. И секое друго суеверие, спротивно на православната вера, не е од Бога.

Носењето на ‘мартинка’ е суеверен и магиски, а со тоа и демонски обичај, затоа што луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сè до доаѓањето на пролетта и ластовичките (или штрковите) и сè додека да расцути првото дрво. Потоа, според истото погрешно верување, мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите ќе им се исполнат.

Вадењето на ‘мартинката’, пред време, се смета за несреќа и затоа луѓето ја чуваат со страв. Таквото верување нема никава врска со православната вера, туку е обично суеверие. Ние христијаните си носиме на рака или во рака бројаничка, украсена со крстче, која ни служи за молитва.

Христијанската среќа и здравје не доаѓаат на некој автоматски, безличен и лесен магиски начин со некакво просто чинење или нечинење на нешто – без личен подвиг и саможртва (како што ѓаволот ги подучил Ева и Адам во рајот: само ако вкусите од плодот на познанието на доброто и злото ќе бидете како богови – види 1. Мој. 3, 4-5), туку единствено со слободен подвиг во градење на личен однос со Бог, преку очистување на срцето од страстите, преку љубовно исполнување на Божјите заповеди и преку смирено учество во Светите Тајни на Црквата; на кој, подвиг, Бог лично, слободно и љубовно одговара во одредено спасително време за секој од нас.

Христијанската среќа и здравје извираат од личната заедница со Бог, а не од безлично, фобично и душегубно суеверие.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*