Последно коло од групната фаза на Работничките спортски игри во Берово

 Вечерва се игра последното коло од групната фаза во рамки на турнирот во мал фудбал кој се игра како дела од Работничките спортски игри во Берово. Како што информира Новица Печински одговорен за организацијата,по одигрувањето на групната фаза ќе се изврши жрепка за екипите кои продолжуваат во осминафиналните борби.
 
-Турнирот ја оправда својата цел бидејки досега беа одиграни голем број на квалитетни натпревари. Вечерва е последното петто коло по што ќе се знае кои екипи обезбедуваат пласман во понатамошниот дел од турнирот. По завршувањето на колото ќе се изврши жрепката за полуфиналните натпревари. Жрепката ќе биде полудиригирана така што не можат меѓу себе да се сретнат екипите кои биле во иста група, информира Печински.
 
Додава дека досега според резултатите во првата група, најдобар фудбал прикажале екипите на „Општина Берово и суд“ како и „МВР Берово“ кои се двете првопласирани екипи, додека во втората група најмногу бодови имаат екипите на ПШС „Равна река“ од Пехчево и „Малешевски еснафи“.
 
Со вкупно 8 постигнати голови најдобар стрелец во досегашниот дел од турнирот е Милчовски Драги од екипата на Фагус.
 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*