Вратиславци кое се среќава и како Братиславци е село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.
Вратиславци е сместено во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Делчево, на југоисточните огранки на Осоговските Планини, а неговиот атар се граничи со Бугарија. Селото е планинско и неговите маала се издигаат на надморска височина од 760-860 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11,7 км2.
Во почетокот на XX век, Вратиславци било село во Малешевската каза на Отоманската Империја.
Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.
Селото има полјоделско-шумарска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 633,9 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 305,4 ха, а на пасишта отпаѓаат 163,5 ха. Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Вратиславци живееле 128 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 128 Македонци.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 32 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Вратиславци:

Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од општината Луковица општина во склоп на Делчевската околија. Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија.
Во селото постои изборно место бр. 0600 според Државната изборна комисија. На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 38 гласачи.
Познат археолошки локалитет во селото е могилата од римско време позната како – Чука.
Постојат уште локалитети, едно Градиште, Ѕидините, Тината, Римски рудник кај В`чков Рид, Преоѕите, Бобарка, Равнаци, Димова К`ашта, Леновето, Ѓочо, Селиште, Латински Гробишта, Поиштео (Балтачкото, над Светата Вода), Кулите, и таму има Могила на Штрби Врв. Има и други кои не се доволно проучени.
Благодариме за дообјаснувањето Професоре Атанасовски