Почеток на доизградба на соборниот храм Св.Кирил и Методиј во Делчево

Во Делчево започнуваат градежните работи за доизградба на една од најголемите цркви во источна Македонија, соборниот храм Св.Кирил и Методиј.

Фасадата и кровната конструкција ќе се градат со донаторски средства обезбедени од големиот пријател на Делчево, д-р Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“.
Изградбата на фасада и на кровната конструкција на новата црква која две децении стои недоградена, ќе придонесе овој грандиозен верски објект да го добие својот конечен лик и да изникне во еден од најубавите верски храмови во регионот, а центарот на Делчево, каде што се наоѓа црквата, да добие една заокружена целина и атрактивен простор за туристите и за самите жители на Делчево.
 
Соработката меѓу Општина Делчево и Фонадацијата „Бугарско сеќавање“ на д-р Милен Врабевски, се воспостави пред една година и таа е иницијатива на делчевецот Венци Димитровски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*