Делчево го доби првото регистрирано здружение на љубители на стари возила

Денес 5 март 2019 година е регистрирано првото делчевско Здружение на љубители на стари возила. Здружението е заверено во централен регистер и е прво од ваков вид не само во Делчево туку и на територијата на Источна Македонија.

Здружението носи назив “Кралеви на патиштата” со меѓународно име King’s if the roads”.

Претседателот на здружението Лоренцо Трајановски им се заблагодарува на сите свои сограѓани кои помогнаа околу регистрацијата на здружението меѓу кои се заблагодари и на: Ретро фрикс од Битола, Ретро Клуб Пирин од Благоевград, младинскиот форум од Делчево, Општина Делчево и многу други приватни фирми од Делчево.

Она на што ќе се фокусира здружението е организирањето на четрвтиот Ретро-кар собир кој ќе се организира во Делчево, а чиј датум на одржување дополнително ќе биде соопштен.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*