Повеќе од 20 години во континуитет делчевската библиотека ги чува старите изданија на дневни весници

Повеќе од 20 години во континуитет Јавната локална библиотека „Илинден“ чува стари весници, најмногу дневен печат. Во депото на библиотеката можат да се најдат и весници уште од 1945 година. Повеќето од многу стари весници како што информираше директорката на библиотеката, Билјана петровска, се уништени од забот на времето или изгубени при дислокацијата на библиотеката, меѓутоа во последните 20 години сите весници се зачувани.

-Јавната локална библиотека Илинден секој ден ги набавува весниците, Нова Македонија, Вечер, Слободен печат и Независен весник. На крајот од месецот сите дневни весници се собираат, се врзуваат и се носат во таванските простории на библиотаката каде се чуваат весниците. Не е многу често, но се случувало да дојдат луѓе, да бараат весник со стара дата, сакајки да копираат дел од весникот, прилог во кој биле застапени тие или нивни блиски, или пак да се препишаат податоци за некој стар настан кои им требаат за да ги искористат за друга потреба, вели Петровска.

Весниците се медиуми кои објавуваат разни вести од општественииот, политичкиот, културниот, спортскиот живот, извештаи од дневни случувања и приказни. Тие сведочат за некое минато време и генерации и од тие причини се посебно големо богатство кое треба да се чува.

Од ЈЛБ „Илинден“ ги информираат сите граѓани и своите членови дека како и сите книги, така и весниците им се достапни во секое време и доколку имаат потреба да ги разгледаат, прочитаат или копираат прилозите од тсраите весници тоа можат да го направат во читалната во библиотеката.

Во библиотеката во Делчево можат да се најдат весници постари и од 50 години

Во библиотеката во Делчево можат да се најдат весници постари и од 50 години

Posted by delcevo365.mk on Monday, March 4, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*