“Трагачите по парадокси” претставени пред љубителите на сатирата во Пробиштип

,,Трагачите по парадокси”, денес го продолжија своето културно патешествие во Пробиштип. Неговата ,,Екселенција сатира”, Миле Ѓорѓијоски и уиграната екипа составена од сатиричарот Ленче Стоименова, поетесите Христина Деолска и Виолета Сековска, вкомпонирани со одличниот настап на младите гитаристки-средношколки од Виница под раководство на професорот по гитара Славко Ѓоргиев, педагог кој свиреше во првата група на Тоше Проески, реализираа незаборавен 90 минутен врвен културен настан на кој беше промовирано делото издадено од Дом на култура Тошо Арсов од Виница, а во кое се сместени афоризми на најпознатите имиња на балканската и европската сатира.

Домот на културата „Злетовски рудар“ беше беспрекорен организатор, а сатиричарите Ѓоргијоски и Стојменова со својата познат репертоар на афоризми ги насмеаа присутните, особено млади љубители на ваквиот начин на изразување на уметноста, кои упатија искрени и големи аплаузи за нивното афористичко дело. Преубавите песни на поетесите Деолска и Сековска беа наменети на жените од Пробиштип по повод Меѓународниот ден на жената 8 март.

Во рамки на настапот на младите гитаристки и вокалистки од Виница, публиката можеше да ги слушне познатите хитови од АБА, од Тоше Проески како и други популарни македонски песни.

Пред пробиштипјани беа претставени и карикатурите од Ин Виница веритас од 2018 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*