За ЗНМ, нашата сограѓанка Ирена Мулачка е најдобриот новинар истражувач

Новинарката на Фокус, Ирена Мулачка која е по потекло од Делчево е добитник на наградата за најдобра истражувачка приказна „Јашар Еребара“ која ја доделува Здружението на новинари.

Станува збор за серијалот приказни за Домот за стари лица во Радишани, „Бранкица“, во кои пациентите добиваат најлош можен третман. Домот во моментот не работи поради донесени решение од Министерството за труд и социјална политика.

Најреволтирани се соседите што живеат во непосредна близина на домот, кој го нарекуваат „Дом на пеколот“, бидејќи според нив, болните и изнемоштени лица сместени таму се третирале на најлош можен начин, биле малтретирани и тепани, при што многумина од нив се обиделе и да избегаат.Тие уште додаваат дека нивните деца и внуци се сведоци на постојани лелеци и апели за помош кои доаѓаат од домот, а многу често се сведоци и на тоа како покојните лица во ковчези ги изнесуваат од таму. Според нив, во таква урбана средина не смее да постои таква установа.

Од оваа година ЗНМ доделува и награда за најдобри стории за дописниците, кои награди ги добија Светлана Дарудова и Сузана Мицева.

Здружението на новинари на Македонија, со ова одбележува 73 години од своето постоење.

Честитки до нашата Ирена!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*