Палење огнови за Поклади во Пијанец – традиција која се уште опстојува!

Во речиси сите поголеми населени места во Пијанец карактеристично за Поклади низ текот на годините била појавата на палење смреков оган. Една недела пред Поклади главно млади луѓе се организираат и ја носат смреката од блиската шума на однапред одреденото место каде ќе се пали смрека и правејки високи таканаречени „стреловишта“ или „куп“ од смрека, ја палат вечерта на Поклади.
 
-Оваа традиција останала од постаро време, нам постарите ни кажуваа дека оганот се пали да се истера злото од старата година, да се влезе со чисто во новата година, така сме слушале од постарите, така им пренесуваме на внуците, вели Петре Петровски, жител на населбата Милково Брдо.
 
Прочка или Велики Поклади е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден.
 
Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „Прости ми “, а постариот одговара „Простено да ти е од мене и од Бога“.
 
Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец и над трпезата се завртува над главите на децата. Амкањето е интересен обичај кој особено на децата им причинувал голема радост.
 
Погледнете како во минатото изгледал обичајот на палење смрека во Пијанец!

Дел од старите адети во Пијанечко за празникот "Прочка" (Поклади)!

Posted by delcevo365.mk on Sunday, February 18, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*