Голем пожар над село Тработивиште

Се уште активен пожарот кој денес околу 13 часот го зафати атарот над село Тработивиште. во моментот пожарот е префрлен на левата страна од патот Делчево Пехчево над селото Тработивиште. Пожарот според очевидци настанал околу 13 часот.
 
-Пожарот најпрвин започна од месноста Брани град, па се префрли кај месноста Кортелевец, тоа е местото каде сега најмногу гори. како дојде до пожарот само господ знае, вели жител на селото.
 

Во моментот во гаснењето учествуваат екипи на ТППЕ Делчево и мештаните. Пожарникарите за дотур на вода ги користат блсиките вили кои се во опасност од огнената стихија која се повеќе се приближува до нив. Ситуацијата е алармантна и потребна е помош за побргу да се локализира огнената стихија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*