Гореше и во Пехчевско, Тренчовски меѓу првите на терен!

Пожарите денес беснееа и во Пехчевскиот регион. Таму од огнена стихија беа зафатени месностите Равноборје и Мускови чешми. Меѓу првите кои излегоа на терен беше и градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, кој веднаш по дојавата се упати во обиколка на споменатите локации.

Од општина Пехчево упатуваат голема благодарност до сите кои се вклучија во локализација на пожарот меѓу кои и екипи на: ЦУК, Македонски Шуми, “Равна Река”, ЈКП “Комуналец” – Пехчево, Противпожарна единица – Берово, Виница, а најголема благодарност упатија до самите жители, кои масовно учествувале во гасење на пожарот и благодарејќи на нив, како што велат од општината пожарот е локализиран.
Секоја чест за Вашата храброст, хуманост, љубов кон нашето Пехчево, се вели во пораката за благодарност од општината до граѓаните.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*