Силјановска од Делчево: Правдата и етиката се на наша страна

Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Република Македонија денеска оствари средба со жителите на Општина Делчево. На средбата Силјановска Давкова истакна дека никој во историјата не се борел за ова што денеска и се случува на Република Македонија.

-Претпоставувам додека ја слушавте химната, горчина имате во срцето, зошто си велиме дали ќе остане тоа, но од друга страна, ние сме мирни, веруваме во Република Македонија, бидејки во химната нема ништо што потсетува на Северна и затоа никогаш никој од мене нема никогаш да чуе да употребам Северна Македонија, зошто ни умот и срцето не го примаат тоа, рече Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова се осврна и на макисмата на револуционерот Гоце Делчев по кој градот го носи името, велејки дека Македонија ќе му покаже на светот дека етиката и правдата се на страна на народтот.

-Гоце Делчев го подразбираше светот како поле за културен натпревар на народите, мислам дека ние македонците имаме со што да се наптреваруваме, заедничко ни е што сме и двајцата учители, правото паравдата и етиката се на наша страна и мислам дека ние можеме да го донесеме Европска Македонија, односно на Европа да и го прикажеме она што е навистина голем културен Македонски дострел, рече Силјановска Давкова.

Изјава и дел од говорот на кандидатот за претседател Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова во продолжение:

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*