Делчевката Санела со сопругот Озен Фератови „уловија“ Златна рипка вредна милион денари!!!

Државна лотарија на Македонија ја посетија млади весели луѓе, кои со себе донесоа инстант лоз ЗЛАТНА РИПКА , вреден милион денари.  Озен Фератов од Велес и неговата сопруга Санела Фератова од Делчево  ја уловија својата Златна Рипка, која им донесе добивка од милион денари. Инстант лозот го купиле во среќното место Тобако КА-М во Велес, каде најчесто Озен купува инстант лозови.

Многу пати до сега имал само замена, но и не некој поголема добивка. Овој викенд решил повторно да си ја проба среќата и тоа со инстант лозот Дијамант. Откако Дијамантот, не му донел среќа, решил да проба со најновиот инстант лоз АЛАДИНОВА ЛАМБА, но откако и со него не го послужила среќата, се вратил и купил Златна Рипка, која е и негов фаворит кога станува збор за инстант лозовите.

Озен најмногу се забавува со овој инстант лоз, кој ни рече за него е наједноставен и до сега се покажал како најсреќен за него.  Така и овој пат, за 50 денари си улови милион денари, кои му ги донесе бројот 2, како број кој го има и во добитните и во броевите на Озен, а под него е впишана добивката од 1.000.000 денари. 

Инстант лозот Златна Рипка за прв пат Државна лотарија на Македонија го пласираше во септември 2016 година, а од тогаш стана омилен меѓу играчите на инстант лотаријата.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*