Делчевски средношколци меѓу најдобрите оратори на Меѓународен натпревар во Благоевград

Тим од тројца натпреварувачи инаку ученици во Делчевската гимназија со својот ментор од 8 до 10 март учествуваа на вториот годишен интернационален турнир по оригинално ораторство Balkan Voices 2019 кој се одржа во Благоевград. По тој повод направивме краток разговор со Леонид Петровски, Евгенија Пандова и Мирче Георгиевски, кои заедно со својот ментор, професорот по Англиски јазик, Желеанка Демирова, учествуваа на овој престижен натпревар.

delcevo365.mk: Дали можеше секој да учествува на натпреварот по ораторство и како се одвиваше процесот на аплицирање?

Ментор: За учество на турнирот беше неопходно да се пополни комплексен формулар заедно со попратен текст од 1,500 зборови. Американски Колеџ во Благоевград и Фондацијата БЕСТ ја прави селекцијата и ги информира одбраните тимови кои ги исполнуваат критериумите кои одговараат на нивниот јавен повик. Така, нашиот тим беше одбран за учество и од моментот на информирање започна со интензивна подготовка.

delcevo365.mk: Што претставува овој турнир во оригинално ораторство?

Ментор: За турнирот тоа значи дека има високо поставени стандарди кои се адаптирани од организаторот и натпреварувачите задолжително ги проследуваат во своја сопствена тема, идентификуваат проблематика која ја адресираат со аргументи и даваат свои идејни решенија.

delcevo365.mk: Како се претставија нашите учесници?

Ментор: Сите тројца, од првично четири членови, искажаа голема зрелост, свесност, и одговорност во пристапот. Нивниот настап беше беспрекорен и оценуван од судии поставени од организаторите во две рунди првично, од кои еден од членовите продолжи уште со два настапи на следното ниво. Немаше простор за аматерство во јавно говорништво, ниту во самите подготовки, а најмалку на турнирот. Со оглед на тоа дека беше прв пат учество во таков вид на натпревар, нашите членови беа одлични како и другите учесници.

delcevo365.mk: Какво значење има учеството на натпреварот за учесниците?

Ментор: Како млади луѓе со формирани сфаќања и вредности, се отвараат многу можности за вмрежување, кои нудат унапредување на личен и професионален план. Стекнатото искуство може да се примени во поттик на вклучување во останати активности и продолжување со јавно говорништво како алатка која е бесценета во било кое поле на професионална дејност. Повеќенационалниот состав на учесниците, изложеноста во мултикултурна средина, како и формата на дебата, ги отвара хоризонтите за перспективите кои младите треба мудро да ги применуваат во своето секојневие, особено во ситуации кога треба да го искажат своето мислење. Таквиот вид на натпревар не ги одвојува опонентите натпреварувачи, туку ги поврзува со една заедничка работа наречена компромис и толеранција.

Гимназијалци од Делчево меѓу најдобрите оратори на Меѓународен натпревар во Благоевград

Гимназијалци од Делчево меѓу најдобрите оратори на Меѓународен натпревар во Благоевград

Posted by delcevo365.mk on Monday, March 11, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*