Локализиран пожарот кај Тработивиште

По речиси 24 часа, заврши акцијата за гаснење на пожароткој вчера избувна кај селата Тработивиште и Истевник. Според информациите на Центарот за управување со кризи, пожарот е локализиран утринава во 9:30 часот.
 
-Гаснењето на пожарот кој избувнал во атарот на селата Истевник и Тработивиште, Територијалната противпожарна единица го започна вчера околу 11:35 часот со тоа што акцијата поради ветрот се одвиваше под отежнати услови. Утринава во 9:30 добивме дојава дека пожарот е локализиран, велат од ЦУК.
 
Освен во Делчево, пожар беснееше и во пехчевскиот регион.Таму од огнена стихија беа зафатени месностите Равноборје и Мускови чешми. Во гаснењето учествувале екипи на Територијалните против пожарни единици од Берово и Виница, Македонски Шуми, “Равна Река” и ЈКП “Комуналец” – Пехчево, а најголема помош пристигнала од месното население на кое од општината изразија јавна благодарност за нивната пожртвуваност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*