Пехчевци се организираат за помош на семејството Митриновски чија куќа синоќа изгоре во пожар

Пехчевци се организираат за помош откако синоќа во пожар целосно изгоре куќата на 86 годишниот Михаил Митриновски од Пехчево. Градежен материјал, работна рака и се што е потребно за санација на куќата ќе им биде добредојдено на ова семејство, вели кире Лазаровски, вработен во Јавното претпријатие Комуналец кој заедно со соседите активно учествуваше во гаснењето на куќата која и денес чадеше од синоќешниот  пожар.

-Се случи како се случи, чувме прво од соседите, потоа поставивме противпожарни црева и хидранти. Се координиравме да не бидат зафатени соседните објекти. Сите помагаа, имаше солидарност од месното население, од пожарникарските екипи. Сега најважно е да помогне кој со што може. Најмногу ќе биде потребна работна рака и материјал како и се што е потребно за вакви случаи, бидејки гледате ништо не остана од куќата, истакна Лазаровски.

Судбината си поиграла со семејството Митриновски кои пред неколку дена одбележаа 60 години од бракот, но како што рече нивниот син Ѓорѓи сето она што било создадено за изминатите 60 години, за миг се претворило во пепел.

-Материјалното е материјално, најважно е што нема човечки жртви. Куќата е изградена 1954 или 1956 година, судбината си поигра бидејки родителите пред два дена славеа 60 години брак, требаше сега наредниот викенд да славиме сите, но се случи тоа што се случи. Сакам да се заблагодарам на сите кои помогнаа се да се заврши без жртви, истакна Митриновски.

Најава за помош за ова семејство засега пристигнала од општината и градоначалникот на Пехчево како и Јавното претпријатие Комуналец.

Пехчевци се организираат за помош на семејството Митриновски чија куќа синоќа изгоре во пожар

Пехчевци се организираат за помош на семејството Митриновски чија куќа синоќа изгоре во пожар

Posted by delcevo365.mk on Monday, March 11, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*