Општина Делчево: Да не се пали оган на отворено!

Општина Делчево апелира до граѓаните да не палат оган на отворен простор. Поради опасноста од пожари, посебно се предупредува да не се палат стрништа или оган на отворен простор на необезбедени места, меѓи и други површини, да не се фрлаат шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење отпад и друг запалив материјал, да не се фрлаат остатоци од цигари на отворен простор.

Исто така, ги потсетуваме граѓаните дека за сторителите се предвидени казнени одредби во Законот за заштита и спасување, Законот за шумите, Закон за пожари, па со цел да не дојде до несакани последици, граѓаните да го почитуваат овој апел.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*