Се повеќе млади со желба да се поврзат со природата!

Се поголем број на млади имаат желба да станат планинари, но се помалку ги знаат опасностите и ризиците со кои можат да се соочат во природа и планина. Ова е заклучокот од денешното предавање на тема „Планинарство“ со младите од Македонска Каменица, кои лиценцираниот планинарски водич Љупчо Чучуковски, ги запознаа со основата опрема која треба да ја поседува секој планинар. 
 
-Како регионален координатор за Југоисточна Македонија при Федерацијата за планинарски спортови на Македонија,  учениците од гимназијата „Миле Јаневски – Џингар“ ги запознав со основните поими од областа на ориентацијата, од областа на првата помош, од областа на облеката и опремата која што е потребна за добро и безбедно рекреирање во природа и во планина. Целта е преку федерацијата да ги запознаеме сите ученици посебно младинците со безбедното планинарење, но исто така и опасностите и ризиците коишто постојат во природа и во планина, истакна Чучуковски.
 Младите од М.Каменица се повеќе имаат желба за конекција со природата, истакнаа дел од учениците.
 
-Со тоа што ние младите сме се повеќе заинтересирани за конекција со природата сметам дека планинарството е во подем и во иднина ќе се зголемува интересот на младите за рекреативно планинарење истакна ученичката Викторија Стаменковска.
 

Претходно едукативни предавања на оваа тема Претседателот на ПСК „Голак“ одржа и со учениците од гевгелискиот регион. 

Едукативно предавање за планинарство во гимназијата Миле Јаневски – Џингар во М.Каменица

Едукативно предавање за планинарство во гимназијата Миле Јаневски – Џингар во М.Каменица

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, March 12, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*